Американскиот интернационалец кој што настапува во редовите на нашата најтрофејна екипа, во интервју за basketball.mk изјави дека се чувствува одлично во Македонија, дека е изненаден од приемот кај публиката што е невообичаено за другите делови од светот.

Според Маркус Гинјард, Суперлигата е почетокот на вистинските возбудувања во македонската кошарка. Поминатиот дел од сезоната останува зад него и неговиот тим, поразот во Купот исто така, а главна цел е освојување на титулата.

Најголем ривал на Работнички ќе биде МЗТ Скопје, но Гинјард не сака да ги потцени и останатите екипи кои што се пласираа во втората фаза од нашиот шампионат. Вели дека со нетрпение ги очекува новите дуели со вечниот ривал и со другите тимови, за кои што има огромен респект.